Шилинг беше валута во Австрија од 1925 до 1938 година како и од 1945 до 1999 година, а циркулирачката валута до 2002 година.
Имплементирана беше на 20 декември 1924 година, за 1 шилинг се добиваа 10 000 круни, а во употреба беше пуштена на 1 март 1925 година.
Во пресрет на германската анексија на Австрија во 1938 година беше укината и таа беше разменета по курс од 2 германски марки за 3 шилинга.
Шилингот беше повторно воведен по Втората светска војна на 30 ноември 1945 година од Сојузничката војска.
Еврото беше воведено на светските финансиски пазари како платежна валута на 1 јануари 1999 година. Тогашниот курс беше 1 € = 13.7603 шилнига.